HP најави неколку EliteBook лаптопи

HP ја објави новата серија EliteBook лаптопи, во рамките на која компанијата ги претстави моделите HP EliteBook x360 1030 G7, EliteBook x360 1040 G, EliteBook 805 G7 и EliteBook 800 G7 Series.

HP EliteBook x360 1030 G7 и HP EliteBook x360 1040 G7 се премиум лаптопи, кои се за 6,3 проценти помали од прертходната генерација и ги карактеризира 89 проценти screen-to-body однос. Лаптопите ја имаат десеттата генерација Intel Core vPro процесори и пристигнуваат со 4×4 LTE антени. Моделот HP EliteBook x360 1040 G7 го карактеризира работен век на батеријата во траење до 29 часа.

Достапноста на двата споменати лаптопа се очекува во јули, а цените ќе бидат објавени накнадно.

HP EliteBook 805 G7 и HP EliteBook 800 G7 Series моделите се дизајнирани за мултитаскинг, а пристигнуваат со AMD и Intel опции на процесори. Овие лаптопи пристигнуваа со опции на големини на екранот од 13.3, 14 и 15.6 инчи.

HP EliteBook 805 Series лаптопите ги покренуваат AMD Ryzen PRO процесори и Radeon VEGА графички картички. Ова се моментно најтенките и најлесни AMD мејнстрим лаптопи, а имаат дваесетчетиричасовна работа на батеријата.

InterServer Web Hosting and VPS