Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирус

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен.

Таа посочи дека повеќе од 2,4 милиони случаи на заболени и над 143.000 смртни случаи биле потврдени во тој дел на светот, но исто така предупреди дека реалниот број на заболени луѓе може да биде уште поголем.

„Особено сме загрижени што бројот на нови случаи пријавени минатата недела во Бразил е најголем од почетокот на епидемијата. Перу и Чиле исто така пријавуваат висока стапка на инфекција“, рече директорката на огранокот на Светската здравствена организација, пренесува ТАСС.

За повеќето земји од регионот сега не е време да се релаксираат ограничувањата или да се намалат стратегиите за превенција, предупреди Етиен.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, СД се најтешко погодената земја со над 1,68 милиони случаи, а потоа следува Бразил со 374.000.

Скоро 124.000 луѓе се заразени во Перу, 88.000 во Канада, 80.000 во Чиле и 71.000 во Мексико.

InterServer Web Hosting and VPS