Елитен германски универзитет обвинет дека му служи на кинескиот комунистички режим

„Фреје универзитал Берлин“ (ФУ), еден од најелитните универзитети во Германија, е обвинет дека одржувал посебна врска со кинески државен универзитет и тесно соработувал со Пекинг, пренесува „Ди велт“.

Берлинскиот универзитет, основан во Западен Берлин во раните денови на Студената војна, одржувал блиски односи со Пекиншкиот универзитет (ПКУ) и се вклучил со кинеската институција во голем број проекти, меѓу кои и отворање на првиот огранок на институтот „Конфучиј“ во Германија во 2006 година.

Институтот „Конфучиј“ соработувал со академски институции на Западот, вклучително и во САД, но во последниве месеци се најде под лупа на пратениците на Републиканската партија во САД, кои на почетокот од овој месец најавија истрага за американските активности на институтот.

Во меѓувреме, Шведска го затвори својот последен огранок на институтот „Конфучиј“ во април, главно поради спорот во врска со шведскиот државјанин Гуи Минхај, кој објави книги против Кинеската комунистичка партија (ККП).

Според тврдењата на „Ди велт“, ФУ е вклучен во неколку проекти со ПКУ и покрај интерната нота во која ПКУ се посочува како „проблематичен партнер“поради протерувањето студенти критички настроени кон комунистичкиот режим.

Еден од заедничките проекти е кинескиот превод на „Историско-критички речник на марксизмот“, за кој експертот за Кина, Себастијан Хејлман од Универзитетот во Триер тврди дека е проблематичен порради цензурата во Кина.

„Истражувањето на марксизмот во Кина нема никаква врска со автономна, критичка наука“, рече тој.

Според „Ди велт“, потпретседателот на ФУ, Клаус Мулан, исто така има долгогодишни врски со кинескиот режим и често дава интервјуа за кинеските државни медиуми.

Мулан работел и за консултантската фирма „Финиенс“ со седиште во Берлин, за која се вели дека е специјализирана за Кина, и одржал предавање за „брендирање на нацијата“ или за тоа како државите можат да го подобрат својот имиџ во странство. Мулан тврди дека не зел пари од фирмата и дека е заинтересиран за подобро разбирање меѓу двете земји во неговата област.

Тврдењата во Германија следат по други објавени минатиот викенд во Велика Британија, како што пренесе „Експрес“, кој објави политички спор околу врската помеѓу советникот за труд, сер Кир Стармер, деканот на Универзитетот во Дурам, професор Том Брукс, и „Чајна глобал телевижн нетворк“ (ЦГТН).

Весникот објави дека професорот Брукс напишал неколку статии за ЦГТН, која е под контрола на кинеската влада, главно за британската политика, но и за критикување на американскиот претседател Доналд Трамп.

Инфилтрирањето во Кина на универзитетите доведе до обвиненија и во ноември 2019 година од професорот на Лондонската школа за економија (ЛСЕ), Кристофер Хјуз, дека претставниците на кинескиот институт „Конфучиј“ конфискувале документи што го спомнуваат Тајван на академска конференција.

Друг извештај од декември минатата година исто така тврдеше дека кинеската армија користела различни групи за да се инфилтрираат во универзитетите во Велика Британија, Австрија, Германија и во Швајцарија.

InterServer Web Hosting and VPS