Huawei ќе објави паметен часовник од Mate серијата

Huawei поднесе барање за заштита на името за Mate Watch претходно во текот на овој месец во Кина. Компанијата во својата понуда веќе има успешна линија паметни часовници, под името Watch GT, во рамките на која најсвежиот модел GT 2e беше претставен пред неколку недели.

Се очекува дека пријавата за заштита на името укажува на одвоено семејство на паметни часовници, во рамките на Mate линијата, која ќе одговара со Mate телефони. Од друга страна, постои можност да е во прашање и ребрендирање. На овој начин Mate Watch би покривал засебен сегмент, додека за подостапниот сегмент на пазарот би бил задолжен Honor со својата MagicWatch серија.

Засега се уште нема никакви конкретни информации, но поднесувањето на трејдмарк барање во овој момент укажува на можноста дека Mate Watch би можел да биде подготвен за објава со следната Mate 40 линија телефони, подоцна во текот на годината.

InterServer Web Hosting and VPS