Скопје и Софија ќе соработуваат во борбата против трговијата со луѓе

Република Македонија и Република Бугарија денеска ќе потпишат Протокол за соработка во борбата против трговијата со луѓе.

Протоколот ќе биде потпишан во Охрид од страна на вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Протоколот предвидува соработка на надлежните институции и размена на информации во насока на поддршка и заштита на жртвите на трговијата со луѓе./МИА

InterServer Web Hosting and VPS