Советот на Европа предупреди за евентуално зголемување на употребата на биолошко оружје

Советот на Европа предупреди за евентуално зголемување на употребата на биолошко оружје, како што се вируси или бактерии, во светот во периодот по корона пандемијата.

Експерти за безбедност при Советот за Европа денеска истакнаа дека глобалната здравствена криза може во иднина да ја зголеми употребата на биолошко оружје од страна на терористите. „Пандемијата на Ковид-19 покажа колку е ранливо современото општество кон вирусни инфекции и нивни ефекти, се наведува во соопштение на Комисијата за борба против тероризмот при Советот на Европа“.Според експертите, нема причина да се верува дека терористичките групи ќе ги заборават поуките од оваа пандемија, додавајќи дека „штетите ќе бидат брзи и глобални”, се наведува во информацијата од најстарата Европска организација чија членка е и Република Македонија.

InterServer Web Hosting and VPS