Како ќе гласаат позитивните на Ковид-19 и гласачите во изолација?

Скопје, 23 мај – Државната изборна комисија е загрижена за тоа како ќе гласаат лицата заразени со коронавирус и оние кои се во изолација. По протоколот одобрен од Владата за спроведување на изборниот процес во време на пандемија, членовите на ДИК одржаа состанок со Комисијата за заразни болести, од каде се појавија некои дилеми. ДИК сака да знае како ќе се обезбеди изборниот материјал, дали гласачките ливчиња треба да се дезинфицираат и дали треба на секој гласач да му се мерки температурата?

Прашања на ДИК упатени до КЗБ:

-Како граѓаните во самоизолација ќе гласаат или лицата кои се заразени?
-Колку често треба да се дезинфицираат избирачките места пред да започне процесот?
-Дали требаат пенкала за сите или може да се дезинфицираат?
-Како се превезуваат службените лица ангажирани на избори?
-Како се транспортира и обезбедува изборниот материјал?
-Како да се заштитат луѓето што превезуваат материјали?
-Дали треба да се дезинфицираат гласачките ливчиња?
-Треба ли да се измери температурата на секој избирач пред гласањето?
-Дали е потребно да има редари пред секое избирачко место?
-Може ли иста личност да биде редар и да мери температура кај гласачите?

Комисијата за заразни болести најави дека ќе се обезбедат сите податоци и ќе му бидат предадени на ДИК. Изборниот протокол не ги забранува предизборните митинзи, туку се бара да се почитува растојанието меѓу граѓаните. Во партиските штабови, состаноците не треба да траат повеќе од два часа, треба да се користат маски и средства за дезинфекција. Протоколот вклучува растојание, маски, ракавици и средства за дезинфекција, неопходни за денот на изборите.

InterServer Web Hosting and VPS