Sony: PlayStation 5 е 100 пати побрз од „четворката“

Претстојната Sony конзола се уште не е официјално објавена, но компанијата продолжува да ја претставува во најдобро можно светло.

Од Sony тврдат дека петтата генерација на PlayStation ќе биде 100 пати побрза од PlayStation 4. Овие информации потекнуваат од официјалниот документ на Sony, во кој се наведува дека новата конзола ќе „донесе револуција на искуството на играње“.

Директорот на Sony, Кеничиро Јошидо истакна дека SSD во оваа конзола ќе има 100 пати поголема брзина на обработка на податоците во однос на PS4.

Во документот на Sony е наведено дека игрите ќе бидат побрзи, а резолуцијата поголема.

Конечниот изгледа на конзолата не е познат, но од претходно беше откриено како изгледа контролерот, како и кои спецификации ќе ги има конзолата.

Продажбата на новата конзола ќе почне во време на новогодишните празници, а објавувањето на првите игри се очекува кон средината на јуни, пишува Gamebyte.

InterServer Web Hosting and VPS