Windows 10 добива надградба во стилот на Apple

Отсекогаш на спротивставени страни, фановите на Microsoft и Apple имаа причини да бидат љубоморни една на други. Иако, повеќе фановите на Windows на корисниците на Apple компјутерите. Има две едноставни причини за тоа. Првата е хардверот, кој никако не можат да го победат, а втора е опцијата Spotlight Search. Ова второто изгледа наскоро ќе биде избришано од листата.

Пребарувањето во Windows отсекогаш било полошо од она на компјутерите на Apple. Тоа изгледа дека наскоро ќе се промени, бидејќи со новата надградба на Windows 10 пристигнува алатката под името PowerToys Run. Иако е во најраната фаза на развој, оваа функција суштински го менува начинот на користење на Windows.

Оваа алатка е претставена на Microsoft Build годишниот настан за програмери. Прв пат беше одржан онлајн, поради пандемијата на коронавирусот. Останатите алати кои се претставени се однесуваат на Office и некои исправки за Edge веб-пребарувачот.

Новата алатка за пребарување се појавува на средината на екранот. Се покренува со помош на кратенката Alt-Space и неверојатно е брза во пронаоѓањето фајлови, програми и други ставки. Во споредба со сегашниот пребарувач во Windows, бесрамно е побрза. Се инсталира преку GitHub, заедно со засебната .NET Core програма, во рамките на која се покренува PowerToys и другиот софтвер од отворен код.

Microsoft има замисла PowerToys Run да го направи импресивен, дотолку да биде лансирен box за речиси секој вид пребарувања. Останува да се види колку тоа и ќе се оствари во пракса, но засега делува ветувачки!

InterServer Web Hosting and VPS