Дали можете да спречите алергии пред да се создадат кај малите деца?

Доколку во семејството на детето има член кој има проблем со алергии, постои поголем ризик дека и детето ќе развие алергија.

Секое второ дете од атопично семејство развива алергија, а процентот е уште поголем доколку и двата родители имаат алергиски состојби.

Алергиски состојби кои се јавуваат во атопични семејства можат да бидат астма, атописки дерматитис, алергиски ринитис или алергија на некој продукт.

Детето кое ќе развие алергиска состојба не значи дека ќе ја има истата состојба (алергија) како на родителите.

Истражувањата покажале дека одредени симптоми можат да се јават уште во првите години од животот на детето.

Раното откривање на симптомите може да ви помогне да преземете одредени мерки кои ќе спречат компликации, да ја одложите појавата на алергии или дури да го спречите развојот на одредени алергиски состојби.

Бебе кај кое се јавува егзема во првата година има 5 пати поголема веројатност да развие алергија на храна, во однос на друго бебе.

Овие фактори се однесуваат на околината и на секојдневните активности, а можат да предизвикаат алергии:

Издувни гасови

Домашни животни и производи од домашни животни

Миленици

Специфичности во градинките и дневните престои

Вирусни инфекции

Вакцини

Лекови

Загаденост на воздухот

Начин на исхрана

InterServer Web Hosting and VPS