РЕК: За нереалните сметки за струја граѓаните да поднесат претставки

Регулаторна комисија за енергетик и водни услуги (РКЕ) информира дека граѓаните чии сметки за струја се нереални со потрошувачката да поднесат претставки.

-Граѓаните можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет платформата на ЕВН. Доколку добиената сметката отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија. Во случај да не бидат корегирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа потрошувачите можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

InterServer Web Hosting and VPS