Индија забележа рекордни 6.000 новозаразени случаи на ковид-19 за едно деноноќие

Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 6.000 новозаразени случаи на ковид-19, што претставува рекорден број од почетокот на епидемијата на новиот коронавирус.

Информацијата доаѓа во момент кога индиските власти почнаа со ублажување на рестриктивните мерки и делумно го обновуваат националниот воздушен сообраќај.

Досега во Индија се регистрирани 118.000 случаи на ковид-19, околу пет отсто повеќе од вчера, а починати се вкупно 3.853 лица.

InterServer Web Hosting and VPS