Најмногу смртни случаи во Русија во едно деноноќие

Во Русија починале 150 луѓе во последните 24 часа од коронавирус, што е најголем број жртви на инфекција за еден ден, соопшти Штабот за превентивни операции против епидемијата на Ковид-19.

Вкупниот број смртни случаи од коронавирус во Русија е 3.224. Бројот на заболени е 8.894, што е седми ден под 10.000, пренесува ТАСС.

Инфицирани се вкупно 326.448 лица. Според податоците на Штабот за превентивни операции, дневниот пораст се намалил од 2,9 на 2,8 процента.

InterServer Web Hosting and VPS