Каков вид на гигант е тоа во средина на пустина? Кула висока 260 метри што „сјае“ како НЛО

Негев е пустина во јужен Израел што покрива околу 13.000 квадратни километри. Во септември минатата година, највисоката соларна централа во светот започна да работи во близина на градот Бершеба. Соларната централа „Асахлим“ е всушност кула висока 260 метри, составена од 50.000 соларни панели, чиј врв личи како неидентификуван летачки објект од филмска научна фантастика.

Силна светлина доаѓа од хелиостат – оптички уред кој го следи движењето на Сонцето и ја рефлектира сончевата светлина на избраната локација. Локалното население тврди дека може да се види невообичаена портокалова светлина на небото пред да ја видите самата кула.

Електричната централа произведува доволно енергија за околу 120,000 домаќинства во Израел, или пет проценти од населението. Овие бројки треба се двојно повеќе во блиска иднина.

InterServer Web Hosting and VPS