Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов зборува за висока политика, а во Скопје наезда на лебарки

Додека Петре Шилегов зборува за некоја висока политика, Скопје го изеде наезда на лебарки бидејќи Градот не врши дезинфекциска и дератизација што е една од неговите законски обврски, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вонредна состојба, пандемија, многу ѓубре по контејнери, оставена храна во затворени објекти кои не работат, бујна вегетација неискосена, запушени канали, сето ова придонесе за развој и на бубашваби кои пренесуваат многу заразни болести“, се наведува во соопштението.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека потребна е стратегија на град Скопје и општините, со Министерство за здравство со цел да се надмине овој проблем во текот на летните месеци.

InterServer Web Hosting and VPS