Србија и Македонија со најголем број заразени со коронавирус во однос на бројот на населението

Во регионот, во однос на бројот на жители, најмногу заразени со коронавирус се регистрирани во Србија, на второ место е Северна Македонија, а на трето место е Словенија.

Во Србија има 1.555 заразени на милиони жители, 913 во Северна Македонија и 709 заразени на милион жители во Словенија. На четвртото место е Босна и Херцеговина (БиХ) со 670 заразени на милион жители, а потоа следуваат Хрватска со 548, Црна Гора со 516 и Албанија со 336 заразени на милион жители.

Во однос на бројот на заразени, најголема смртност има во Словенија – 7,15 проценти по што следуваат БиХ – 5,96 отсто, Северна Македонија со 5,85 проценти и Хрватска со 4,34 отсто.
Стапката на смртност во Албанија е 3,29 проценти, Црна Гора со 2,77 процента и Србија – 2,17 отсто.

Најмногу тестирани во однос на еден милион жители има во Словенија – 34.861 на милион жители, на второ место е Србија со 29.281, а на третото место е Црна Гора со 18.370.
На четвртото место е БиХ со 15.681 на милион жители, Хрватска со 14.273 и Северна Македонија со 11.264 тестирани на милион жители. Во Црна Гора вкупно 325 лица се заразени со коронавирус.

InterServer Web Hosting and VPS