„Џузепе Меаца“ дефинитивно заминува во историјата – Нема културолошка вредност за да биде спасен

Еден од најпознатите стадиони во историјата, миланскиот „Џузепе Меаца“ и дефинитивно заминува во историјата. Тој ќе биде урнат, а неколку стотина метри ќе биде изграден нов модерен стадион. Италијанското министерство за култура даде мислење дека стадионот „нема културолошка вредност бидејќи оригиналниот проект и изведбата од 20-тите и 30-тите години на минатиот век, се потполно изменети со доградба и проширување на објектот во 50-тите и 90-тите години, а поради тоа што интервенциите не се постари од седумдесет години не може да биде заштитено архитектонско добро“.

Миланскиот градоначалник Бепе Сала на секој начин се обиде стадионот да биде сочуван и само да се обнови, но сепак ја изгуби борбата со Интер и Милан кои сакаат што побрзо да биде изграден, нов и модерен „Сан Сиро“.

Фановите на симболот на Милан, ќе добијат само утешна награда во вид на една трибина позади еден од головите која ќе остане како потсетник на стадионот на кој градските ривали освоија десет европски трофеи.

InterServer Web Hosting and VPS