Притвор за скопјанец кој во својот „голф“ криел пиштол

Велешкото Оновното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 26-годишен скопјанец поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење и тргување со оружје.

Осомничениот на 19 мај годинава во својот автомобил „голф 5“, во просторот под воланот, каде што се наоѓа механизмот за дотерување на висината, држел пиштол „берета – арми рома“, во калибар 7,65 милиметри, во кој имало и рамка со 8 куршуми.

Оружјето било пронајдено од страна на полицајци од СВР Велес при преглед на автомобилот на автопатот Велес – Скопје, кај наплатната станица „Отовица“.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци (сопатниците во автомобилот) и поради оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори делото, Основниот суд во Велес на скопјанецот му определил притвор во траење од 30 дена.​

InterServer Web Hosting and VPS