Во Бугарија нема никакви забрани за Рамазан Бајрам

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се договори со бугарскиот главен муфтија Мустафа Хаџи молитвите на исламската верска заедница во земјата молитвите за празникот Рамазан Бајрам да се одржуваат само во дворовите на џамиите.

Борисов по состанокот додаде и дека Бугарија била единствената земја во Европа која не пропишала никакви забрани за верниците за време на христијанскиот празник Велигден.

  • Уште еднаш сакам да го честитам празникот. Бидете живи и здрави. Заедно да ја надминеме оваа тешкотија и да работиме на просперитетот на Бугарија, рече Борисов по средбата.

Главниот муфтија наведе дека строго ќе се почитуваат препораките за физичка дистанца и носење заштитни маски.

InterServer Web Hosting and VPS