Филипче: Треба да прифатиме дека е можен втор бран на корона вирус наесен

Би било комплетно несериозно и медицински неоправдано ако не го прифатиме фактот за можниот втор бран, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за порталот Независен.

Негова оценка е дека земјава и системот добро се справиле со првиот налет на корона вирусот.

„Нам не ни се случија црните сценарија со кои се соочија некои земји, во смисла на преоптовареност на здравствениот систем. Ние го оптмизиравме здравството и од аспект на капацитети и од аспект на персонал. Имајќи го сегашното искуство паралелно работиме на подготовка на целиот здравствен систем за евентуален втор бран“, вели Филипче.

На прашање колку ќе ја чини државата овој напор да се смири епидемијата со што помалку жртви и заразени, Филипче вели дека проценки ќе се прават кога сето ова ќе биде зад нас.

„Битката со ковид-19 не е завршена. Точно е дека бележиме стабилизација на состојбата според анализите на Комисијата за заразни болести направени врз основа на параметрите на СЗО. Според сегашниот тренд, во периодот кој претстои, односно следните месеци, се очекува и понатамошна стабилизација на ширење на вирусот. Но, треба да сме свесни дека сите меѓународни студии упатуваат на тоа дека целосно исчезнување на вирусот е тешко да се очекува“, додава тој.

InterServer Web Hosting and VPS