Mercedes ќе ги претстави освежените купе и кабрио E-класа на 27 мај

Германскиот производител на премиум автомобили Mercedes, во пресрет на пандемијата на коронавирусот ја претстави рестилизираната E-класа во лимузинска и караванска верзија, а дебито на купе и кабрио варијантите ќе се случи кон крајот на овој месец. Двата модели ќе имаат дигитална премиера, што стана „норматив“ во последно време поради новиот коронавирус.

Се очекува овие два модели да се разликуваат од актуелните варијанти според новиот дизајн на светлосните групи и маската на ладилникот, додека најголемите промени на задниот дел од возилата ќе претрпат стоп светлата. Во внатрешноста со командната табла ќе доминираат два споени екрани од по 12,3 инчи, кои изгледаат како голем таблет. Екранот пред возачот ќе служи како дигитална инструмент табла, додека десниот ќе го опслужува MBUX мултимедијалниот систем на Mercedes. Не е исклучено новите модели да пристигнат и со новиот управувач кој ќе го добие новата S-класа, опремен со сензори кои можат да забележат дали рацете на возачот се наоѓаат на самиот управувач. Копчињата чувствителни на допир исто така ќе бидат дел од понудата за новиот управувач, кои Mercedes ги нуди во Sport, Luxury и Supersport конфигурациите за седанот од E-класа.

Mercedes во рамките на редизајнираната Е-класа купе ќе ја претстави и унапредената верзија на спортскиот Е53 AMG со 435 КС и 520 Nm максимален вртежен момент. Кабрио верзијата се очекува да ги добие истите додатоци како и купе моделот, но Mercedes би можел да ги „зачини“ работите со тоа што во понудата ќе стави избор на повеќе бои за мекиот покрив. Повеќе технички податоци за рестилизараните Е-класа купе и кабриолет ќе бидат познати на 27 мај, кога ќе бидат објавени и фотографиите од овие автомобили.

InterServer Web Hosting and VPS