Јубилеј за знаменосецот: Hyundai одбележува 20 години од премиерата на Santa Fe

Hyundai e глобален бренд кој навреме го почувствува потенцијалот на SUV моделите, па во 2000 година го претстави Santa Fe, кој годинава одбележува две децении откако е дел од гамата на корејскиот бренд.

Една година подоцна тој беше понуден и во Европа, што значи дека јубилејот е речиси релевантен и за пазарите на стариот континент, а за успешноста доволно говори бројката од 5.260.000 примероци на глобално ниво.

Santa Fe кој вози во својата четврта генерација е и најдолго присутен модел на Hyundai во Европа, а постојаната еволуција и надградба на квалитетот и технолошките стандарди го доведоа во ситуација да претставува еден од најнапредните и најмодерните автомобили во класата.

– Santa Fe е прв SUV модел на Hyundai и еден од најдолговечните модели во нашата понуда, со што се претвори во клучен претставник не само во Европа, туку и во цел свет. За нас тој претставува автомобилска икона кој постојано еволуира, а новата генерација го направи знаменосец на брендот, кој во иднина ќе продолжи да имплементира иновации, а ќе биде дел и од процесот на електрификација, – вели Андреас-Кристоф Хофман од Hyundai Motor Europe.

Првата генерација на Santa Fe доживеа европска премиера на Саемот во Женева во 2000 година, а стекна многу фанови со својата функционалност, високо ниво на опременост и достапна цена.

Низ генерациите, големиот SUV на Hyundai постојано напредуваше, за со содржините кои ги доби четвртата актуелна генерација да се приближи и до премиум понудата.

InterServer Web Hosting and VPS