Манекенката признала: Се борев за воздух, ја викав мајка ми и мислев дека умирам!

Манекенката Кендал Џенер во едно интервју се обидела со својата интимна приказна да ја подигне свеста за значењето на менталното здравје за време на овие тешки околности.

Манекенката во многу отворен разговор признала дека се бори со анксиозност уште од раното детство и дека нападите на паника и станале дел од секојдневиоето со кое понекогаш многу тешко се носи.

Она што најмногу и помогнало низ годините е целосната поддршка од мајка и, но и од целото семејство.

Кендал и порано во неколку наврати изјавила дека се бори со ова пореметување кое и претствува проблем во кариерата, но прв пат јавно зборува за тежината на борбата која ја води уште од најраното детство.

InterServer Web Hosting and VPS