СДСМ: Мицкоски се плаши од избори, нема да успеат неговите обиди за создавање криза

Како одговорна партија во време на пандемија имаме три приоритети – заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата. Токму затоа изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно протоколите за заштита, бидејќи официјалните податоци на здравствените институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека постојат услови за одржување на одложените парламентарни избори, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Токму затоа Христијан Мицкоски е во паника, бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите поради своето неодговорно и деструктивно однесување во време на пандемијата. Мицкоски сака криза, сака незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.

Тоа ние нема да го дозволиме. Нема да дозволиме пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза. Ништо нема да го спаси Мицкоски од пораз за неговите пропаднати политики“, соопшти СДСМ.

InterServer Web Hosting and VPS