Грција ја почнува третата фаза од олеснување на мерките против коронавирусот

Грција од денеска ја почнува третата фаза од олеснување на рестриктивните мерки против коронавирусот.

Сите средношколци денеска се враќаат во училиштата, се отвораат археолошките локалитетите, зоолошките градини, а дозволено е и патување во континентална Грција и Крит.

Грчките власти дадоа „зелено светло“ за отворање на трговските центри и тоа една недела порано од планираното.

Со новите мерки со работ почнуваат речиси 7.000 работници и се отвораат над 1.700 бизниси. Како и претходно, и во оваа фаза ќе се работи согласно посебни правила и прописи до кои треба да се придружуваат сите граѓани, без разлика дали се вработени, клиенти, ученици и слично.

Од викендов Грција отвори и повеќе од 500 плажи на кои важеа посебни мерки за време на посетата.

InterServer Web Hosting and VPS