Galaxy Note20 ќе има значајно побрз сензор за отпечатоци од S20

Qualcomm во декември минатата година ја претстави својата втора генерација на ултрасоничниот сензор, под името 3D Sonic Max. Новиот сензор од 17 пати поголем од оригиналниот 3D Sonic сензор и поддржува верификација со помош на два прста. Според наводите на Рос Јанг, Извршен директор на аналитичката компанија Display Supply Chain Consultants, претстојната Galaxy Note20 серија на Samsung ќе биде прв која ќе биде опремена со новиот сензор.

Аналитичарот објави и дека смартфоните од Galaxy Note20 серијата ќе имаат punch-hole отвор во центарот на горниот дел на екранот. Note20 би можел да има 6,42-инчен дисплеј, додека за Note20 Plus се верува дека ќе поседува дисплеј од 6,87 инчи.

Јанг претходно потврди дека само поголемиот Galaxy Note20 Plus модел ќе користи екран со освежување од 120Hz. Останатите главни спецификации на Note20 линијата ќе бидат до 16GB RAM и батерија помеѓу 4000mAh и 5000Ah.

Galaxy Note20 и Note20 Plus телефоните, заедно со Galaxy Fold 2 ќе бидат претставени во август, а во продажба би требало да се најдат до крајот на август или почетокот на септември.

InterServer Web Hosting and VPS