Тренер на бундес-лигаш нема да го води тимот во сабота поради бизарна грешка

По паузата од два месеци поради пандемијата коронавирус, Бундес-лигата се враќа во сабота. Прв дуел на програмата ќе биде мешу Аугсбург, кој на домашен терен ќе игра против Волфсбург.

Но, Аугсбург ќе биде без својот тренер на клупата, причината е бизарна. Хајко Херлих кој пристигна пред прекинот на сезоната, на официјалната прес-конференција откри дека го прекршил карантинот, кој е задолжителен пред натпреварите. Причината за ваквиот потег е паста за заби.

Мерките во Германија се доста ригорозни, тој нема да може да го води утрешниот тренинг, а прашање дали ќе успее навреме да ги добие резултатите од првата рунда тестови.

„Секако дека направив грешка и го напуштив хотелот. Иако ги почитував сите мерки, не може да се поништи она што го сторив. Не се покажав како вистински пример за тимот и за јавноста. Ќе превземам одговорност за својата грешка, не можам да го водам утрешниот тренинг, ниту тимот во сабота“, изјави Херлих.

InterServer Web Hosting and VPS