Град Скопје ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Не тревата, туку поплочувањето чини 33 милиони денари

Со големо жалење мораме да констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ и нивната советничка група во Град Скопје не знаат да разликуваат основни работи (тревник од плочник), па од тие причини излегуваат на прес-конференции со небулозни тврдења, реагираат од Град Скопје.

„Со ова уште еднаш ја известуваме јавноста, а истовремено го демантираме небулозното тврдење на ВМРО-ДПМНЕ, дека не тревата, туку поплочувањето и уредувањето на јавниот простор на излезот од ГТЦ до Плоштад Македонија, поплочувањето и уредувањето на јавниот простор од Плоштад Македонија кон Собрание, заедно со урбаната опрема што се состои од клупи, канти за отпадоци, целосно ново осветлување на овој простор (канделабри), како и дрворед составен од 25 дрвја е тоа што чини 33 милиони денари со вклучен ДДВ. Се што е направено на терен и потрошена сума, впрочем, беше и претходно најавено на прес-конференцијата што се одржа на 30 септември 2019 година.

Граѓаните на Скопје секојдневно овој простори го гледаат и го користат. Тоа што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ е фактот што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор, но и уживаат во него, при тоа правејќи споредба што значи квалитет на јавен простор сега, а што и какво беше лудилото со јавниот простор во минатото.

Времето кога граѓаните за 3 врби во Реката Вардар плаќаа 220 илјади евра е одамна поминато. Тоа на сите им е јасно. Јасно му е и на ВМРО-ДПМНЕ, па токму заради таа своја немоќ се служат со лаги и невистинити небулози. Граѓаните на Скопје препознаваат дека овој градоначалник за само 2 и пол години покажа дека може да се биде различен. Да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните, да се биде транспарентен, отворен, а истовремено и штедлив при работењето со јавните пари.

Убедени сме дека сите (а особено ВМРО-ДПМНЕ) се свесни дека се тотални аутсајдери во Град Скопје. Ние ќе продолжиме чекор по чекор да ги решаваме наталожени проблеми останати од нивното лудило, а тие слободно можат да продолжат да се занимаваат со небулози, лаги и да креираат лажни вести“ се вели во реакцијата на градот.

InterServer Web Hosting and VPS