Škoda го надгради авантуристичкиот дух на Kamiq со Scoutline изведбата

Чешкиот производител Škoda ја прошири понудата со Scoutline изведбата на пазарно одлично прифатениот Kamiq, со што најмалиот член на SUV семејството добива поизразена робустност и елементи кои го надградуваат авантуристичкиот карактер на урбаниот автомобил.

Ова е и воопшто прва Scoutline изведба кај SUV моделите на Škoda, а кај Kamiq разликите се чувствуваат на елементите вградени на екстериерот, како заштитните пластични делови на предниот и задниот дел, односно над тркалата, поголемиот дифузер и спојлер и капаците на ретровизорите во сребрена боја.

Škoda Kamiq Scoutline ќе биде достапна во 12 бои, од кои 9 се металик, а претставниците на брендот го истакнуваат и потоплиот амбиент во кабината каде се употребени специјални декоративни елементи, хромирани делови, алуминиумски педали и посебно осветлување.

Посебна специјалност на Kamiq Scoutline се ThermoFlux седиштата, за кои од производителот истакнуваат дека возачот и патниците посебно ќе ги ценат во летниот период.

InterServer Web Hosting and VPS