Косово ќе основа Институт за истражување на злосторствата од последната војна

Вршителката на должност министер за правда на Косово, Албулена Хаџиу потпиша денеска одлука за формирање работна група која ќе изготви анализа за основање Институт за истражување на злосторствата извршени за време на војната во Косово во 1998-99 година.

Информацијата преку својата страница на Фејсбук ја објави самата Хаџиу, наведувајќи дека задача на групата ќе биде „да изготви аргументирана студија за основање механизам кој ќе се занимава со истражувањето на злосторствата извршени за време на војната во Косово“.

Исто така, вели Хаџиу, тимот „ќе ги идентификува и добрите споредбени практики и ќе ги одрази елементите и специфичностите кои можат да се применат во случајот на Косово“.

InterServer Web Hosting and VPS