Автомобил полн со патници излета на пруга и во него удри воз кај Велес

Гевгелија, 14 мај – Воз удри во автомобил вечерва околу 19 часот, во близина на дирекцијата на Агриа кај Велес. Автомобилот излетал од коловозот и паднал на железничката пруга, а на него налетал воз кој се движел на линијата Велес – Гевгелија.

Во моментот на несреќата во возилото марка Рено имало пет патници, тројца мажи, една жена и дете. Еден од патниците е пренесен на клиниките во Скопје, а здравствената состојба на другите патници засега е непозната.

На местото на несреќата е единица на противпожарната бригада, а јавен обвинител со помош на полицијата врши увид. Железничкиот сообраќај на оваа меѓународна пруга е во прекин.

Екипата на Батали.нет која ги испрати овие фотографии и снимка е на местото на несреќата. Повеќе информации и фотографии очекуваме доцна во ноќта или утре наутро.

InterServer Web Hosting and VPS