Во Европа постојат 298 автомобилски фабрики

Во Европа според последните податоци постојат 298 фабрики за монтажа на автомобили и прозиводство на мотори. Само во Европската Унија (ЕУ27) работат 196 фабрики за автомобили, камиони, автобуси и мотори.

Патнички автомобили во Европа се произведуваат во 142 фабрики, лесни доставни возила се изработуваат во 38, а тешки товарни возила во 58 фабрики. Автобуси исто така излегуваат од 58 фабрики, додека 71 фабрики се специјализирани за мотори.

Од средината на март, автомобилската индустрија се соочуваше со тежок удар од корона-кризата. Фабриките во просек беа запрени во времетраење од 29 работни денови. Се проценува дека само во ЕУ, поради неработењето на фабриките, не се произведоа 2,3 милиони возила. Повеќето концерни веќе го обновија производството, но враќањето на претходното ниво на продукција се одвива постепено и бавно.

Фабриките на добавувачите на компоненти за автомобилските фабрики, голем број на помали фирми за производство на автомобили и за мотори, како и каросериски работилници, не се вклучени во оваа статистика. Истото важи и за фабриките за менувачи, каросерии и други делови за возила.

InterServer Web Hosting and VPS