Што сакал Вилијам да направи за мајка му кога ќе стане крал?

Принцот Чарлс и Дајана се разделиле во 1992 година, а официјално се развеле во 1996 година. Овој развод значел и борба околу многу моќ и пари, а најболната точка била титулата на Дајана.

Бидејќи е мајка на наследникот на британскиот трон, нејзината титула требала да биде Нејзиното Кралско Височество. Дури и кралицата Елизабета II се сложила на тоа, но Чарлс бил неумолив, па титулата на Дајана и била одземена.

Нејзниниот син Вилијам кој тогаш имал 14 години една вечер наводно и ветил дека кога еден ден ќе стане крал, тој ќе и ја врати титулата.

Само една година подоцна Дајана загинала, а Вилијам и понатаму зборува во чест на мајка си и продолжува да го постестува светот за тоа колку таа била посебна.

Пред некое време тој признал дека дури и по повеќе од 20 години, мајка му сè уште му недостасува.  

InterServer Web Hosting and VPS