Приказната за најсаканата принцеза на светот!

Кога била објавена веридбата на данскиот престолонаследник, принцот Фредерик и Австралијката Мери Доналдсон, сценариото малку потсетувало на приказната за лејди Дајана, која Мери ја следела на телевизија.

Иако многу девојчиња мечтаат за принцот на бел кољ, тоа на Мери не и паѓало на памет. Таа сакала да стане ветеринарка.

Мери Елизабет Доналдсон е родена на 5 февруари 1972 година во Австралија како најмало од четири деца.

Во училиште била врвна спортистка, а се занимавала и со музика, па и денес свири на клавир, флејта и кларинет. Нејзините родители се британци кои емигрирале во Австралија.

Се школувала во Австралија. По дипломирањето се преселила во Мелбурн и работела во сферата на односи со јавност.

Пред да отпатува за Данска на новото работно место, во еден кафе бар во Австралија се запознала со момче по име Фредерик со кој се заљубиле веднаш. Таа воопшто не знаела дека се работи за дански принц. Врската ја официјализирале дури во 2003 година.

По неколку месеци била објавена и веридбата, а принцот Фредерик ја дарувал Мери со прстен со дијаманти и рубини со боите на данското знаме.

Пред венчавката со данскиот принц Мери морала да се откаже од многу работи, како државјанството, верата, но и да се откаже од старателството врз неродените деца доколку дојде до развод.

Свадбата била на 14 мај 2004 година.

Првото дете, принцот Кристијан е роден во 2005 година, а две години подоцна е родена и принцезата Изабела. Три години потоа, во 2011 година родени се и близнаците Џозефин и Винсент.

Откако станала принцеза Мери се посветила на хуманитарна работа. Заради тоа, но и заради нејзината убавина таа стекнала голема популарност, а жителите на Данска со душа чекаат еден ден да стане кралица.

InterServer Web Hosting and VPS