Куче-робот ги опоменува луѓето и го чува Сингапур од коронавирусот

Сингапур објави дека ќе користи куче-робот со цел да се почитуваат мерките за физичко растојание во парковите.

Тоа е роботот наречен Спот, произведен од компанијата „Бостон динамикс“, а првин ќе патролира во локалниот парк и ќе ги предупредува граѓаните да го почитуваат физичкото растојание со говорни пораки.

Спот е опремен со камери, кои може да го скенираат неговото опкружување и на тој начин да им овозможи на надлежните органи да проценат колку луѓе се наоѓаат во парковите.

Експериментот ќе трае две недели во еден парк, а доколку сè оди добро, програмата би можела да се прошири, пишува Си-ен-ен.

Сингапур на почетокот доби многубројни пофалби за начинот на кој се справи со пандемијата на коронавирусот, но подоцна ситуацијата значително се влоши, па властите решија да почнат со примена на технологијата во борбата против пандемијата.

Роботот Спот се користи и во локалниот центар за изолација на пациенти, каде што им доставува лекови на пациентите.

InterServer Web Hosting and VPS