Шекеринска во посета на касарната во Куманово наменета за Командата на Бригадата на ЈИЕ

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе изврши увид во активностите што се изведуваат на објектот во касарната „Боро Менков” во Куманово наменет за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

Во објектот во Куманово во изминатиов период се врши комплетна реконструкција и адаптација со цел непречено функционирање на командниот тим во наредните шест години.

Од август годинава, земјава ќе биде домаќин на седиштето на Командата на SEEBRIG – Бригада на Југоисточна Европа.

SEEBRIG претставува најзначаен и најкомплексен проект во регионалната Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа на полето на одбраната. Бригадата е формирана во 1999 година со претходно потпишување на договор во Скопје од страна на министрите за одбрана на нашата земја, Грција, Турција, Романија, Бугарија и Албанија.

InterServer Web Hosting and VPS