Полицаец се самоповредил од сопствениот пиштол

Полицаец од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил. Инцидентот се случил вчера утрото на паркинг пред угостителски објект на улицата „Македонска фаланга“ во Битола.

Повредениот веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле контатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. За настанот е запознаен Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

InterServer Web Hosting and VPS