Една четвртина од граѓаните биле директно или индиректно погодени од губење на работа поради корона вирусот

Eдна четвртина (25,8%) од граѓаните велат дека тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 14,4% од анктираните одговориле дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле, 47,4% немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% дека донекаде имаат намалување на приходите.

Сепак, анкетата не покажува значителен раст на задолжувањето. Само 4,7% од анкетираните граѓани велат дека во овој период аплицирале или планираат да аплицираат за кредит во банка, додека 80.7% велат дека не го сториле тоа.

Од мерките и понудите на банките за време на кризата задоволни се 53,3% од граѓаните, наспроти 24%  кои не се.

Околу 60 отсто од граѓаните кажале дека цените на храната и лековите се зголемени, 28,4% дека останале исти, додека 4,9% сметаат дека имало поевтинување. Граѓаните се на ставот дека во продавниците ги има потребните производи – 86,1% од анкетираните велат дека кога пазаруваат успеваат да ги најдат сите производи во продавниците, додека 12,6% одговриле дека не можат секогаш се да купат.
За 24,1% во продавниците најтешко се наоѓа брашно, за 21,3% средства за дезинфекција и чистење, додеа по 12,1% велат дека кога пазаруваат најчесто им недостасува тоалетна хартија и овошје и зеленчук.

Најголем дел од граѓаните или 38,1% велат дека пазаруваат неколку пати неделно, 28,3% во продавница одат еднаш во неделата, 20,7% во супермаркетите по храна и други основни потреби одат секој ден, 7,7% рекле дека пазаруваат неколку пати месечно, 2,8% само еднаш месечно, а 1,6% и поретко од еднаш во месецот. Купувањето главно се прави со директно одење во продавниците бидејќи 72,5% од анкетираните велат дека во овој период на коронавирусот не ја користеле можноста за онлајн купување, додека онлајн шопинг правеле 21,4%.

Повеќе од половина од анкетираните или 56,5% не очекуваат недостаток на храна и лекови поради коронавирусот, а 20,6% стравуваат дека тоа може да се случи.

InterServer Web Hosting and VPS