Потпретседателот на грчкиот парламент ја изгуби битката со коронавирусот

Потпретседателот на парламентот и поранешен министер за здравство на Грција, Димитрис Кремастинос, почина утрово на 79-годишна возраст од последиците од коронавирусот, соопштија официјалните лица.

Кремастинос, кој бил кардиолог и професор на универзитетот, бил примен во болница во Атина со здравствени компликации на 26 март, јавува АНА.

Тој беше почитуван лекар кој стана познат како личен доктор на починатиот премиер Андреас Папандреу во текот на 90-тите години, додава АП.

Премиерот Киријакос Мицотакис му оддаде почит на Кремастинос, изјавувајќи дека светот на науката и политиката денес го изгуби својот водечки член.

Мицотакис на Твитер рече дека професорот оставил посебен белег на достоинството, одговорност и ефикасност.

Опозиционата Сириза вели дека смртта на Кремастинос ги исполнува со тага.

InterServer Web Hosting and VPS