Пристигнува “Chromatica”, новиот албум на Lady Gaga

Откако го одложи датумот на издавање на нејзиниот нов албум кон крајот на март, како резултат на катастрофална криза со короната, Лејди Гага вчера откри дека “Chromatica” дефинитивно доаѓа на 29 мај годинава. Ова е нејзиниот нов, долго најавуван, шести студиски албум, кој привлече големо внимание кај медиумите во првата половина од годината.

34-годишната ѕвезда го најави на својот инстаграм профил. „Патувањето продолжува. Официјално може да ми се придружите во лансирањето на албумот„ #Chromatica на 29 мај“, напиша Гага. „Chromatica“ првично требаше да биде лансиран на 10 април.

https://www.instagram.com/p/B_2jIVJFF71/?utm_source=ig_web_copy_link
InterServer Web Hosting and VPS