Пукање во „Мекдоналдс“: Ранила двајца вработени бидејќи ресторанот не работел поради коронавирусот

Двајца вработени во „Мекдоналдс“ во југозападниот дел на Оклахома Сити се повредени со пиштол од бизарни причини.

Локалната полиција соопшти дека една жена се вознемирила кога дознала дека „Мекдоналдс“ е затворен поради пандемијата на коронавирус. Таа извадила пиштол од девет милиметри и испукала три истрели при што погодила двајца вработени, изјавиле вработените за „ФОКС 25“.

Полицијата исто така наведува дека жената физички ја нападнала вработената, која се здобила со повреди на главата удирајќи се од масата.

Ниту еден од повредените не е во животна опасност, а напаѓачката е уапсена неколку блокови подалеку.

InterServer Web Hosting and VPS