Низ светот од корона закрепнале над 1,3 милиони луѓе

Повеќе од 1,3 милиони луѓе, поточно 1.303.029, закрепнале од Ковид-19 ширум светот, додека бројот на заразени се доближува до бројката од четири милиони – 3.820.555, објави порталот „Ворлдометар“.

Исто така, се намалува и бројот на пациенти во критична состојба, па според најновите податоци, два процента од вкупниот број на заболени се борат за живот.

Најголем број пациенти и смртни случаи сè уште има во САД – 1.263.183 и 74.807, додека во Европа, по бројот на починати предничат Велика Британија и Италија.

Во Бразил, бројот на пациенти се зголемува, додека меѓу азиските земји, Кина останува прва според бројот на починати и заболени. Во регионот, Романија е на прво место со 14.107 заразени и 733 смртни случаи, по што следат Србија со 9.791 и Грција со 2.663 потврдени случаи.

Во Италија, 8.014 пациенти се опоравиле во последните 24 часа, што е рекорден број за еден ден, според Агенцијата за цивилна заштита. Вкупниот број на оние кои закрепнале е 93.245.

InterServer Web Hosting and VPS