Сампдорија бара 4,6 милиони од трансферот на Фернандеш, Спортинг не дава

Португалски Спортинг денеска објави дека нема намера да и плати на Сампдорија сума од 4,6 милиони евра од трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед, а ако треба ќе се жали и на суд.

Сампдорија го продаде играчот од средниот ред во Спортинг летото 2017 година, а тој минатава зима дојде во Манчестер Јунајтед за 46,5 милиони евра, плус бонуси. Додека Италијанците тврдат дека Спортинг им должи сума од 4,6 милиони евра според договорот за продажба на трета страна, португалската страна денеска објави своја изјава.

„Јурисдикцијата на Арбитражниот суд за спорт вели дека со оглед на еднострано раскинување на договорот летото 2018 година од играчот со клубот, таа клаузула веќе не важи. Затоа Сампдорија нема никакви идни права во договорите потпишани подоцна, имено трансферот во Манчестер Јунајтед. ФИФА и граѓанските судови, ако треба, ќе го разјаснат прашањето “.

InterServer Web Hosting and VPS