Инцидент поради Ковид-19 во Тексас: Ренџер предупреди група млади да држат дистанца, а тие го турнаа во езеро

Ренџер во Тексас ги предупреди посетителите на паркот кај езерото Остин дека е потребно да држат растојание еден од друг за да ја намалат можноста за ширење на Ковид-19, по што 25-годишниот Брендон Хикс го турна во езерото.

На снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види како ренџерот им вели на посетителите на паркот да си заминат затоа што не ги почитувале препораките за дистанца. Тогаш Хикс го турна ренџерот во езерото, но и самиот заврши во водата затоа што ренџерот го повлече со себе.

Хикс набрзо потоа се обиде да побегне, но како што пренесуваат американските медиуми, тој набрзо бил уапсен и ќе се соочи со обвинение за напад на службено лице.

InterServer Web Hosting and VPS