Во Приштина уапсени Албанка и Турчин за трговија со човечки органи

Во Приштина се уапсени две лица за незаконска трговија со човечки органи и ќелии и илегална трансплантација на органи, соопшти денеска косовската полиција, пренесе приштинскиот весник „Коха“.

Според полициското соопштение, уапсени се жена од Албанија и државјанин на Турција.

Косовската полиција наведува дека против нив ќе биде отворена редовна криминалистичка процедура.

„Пријавено е дека во истрага на Криминалистичката единица се уапсени двајца осомничени, турски државјанин и Албанка, кои се товарат дека незаконски тргувале со човечки органи и изведувале илегална трансплантација. По налог на обвинител против нив е почната редовна процедура“, се наведува во соопштението на полицијата.

InterServer Web Hosting and VPS