Дембеле и да оздраве, бадијала – не може да игра до крајот на сезоната!

Францускиот репрезентативец Усман Дембеле нема да биде во можност да настапува за Барселона ако сезоната биде продолжена по кризата со корона вирусот.

Тој се повреди во јануари, а потоа му беше утврдена дијагноза поради која мора да паузира шест месеци и на каталонскиот клуб му беше дозволено да ангажира замена за него, надвор од преодниот рок. Барса го донесе Мартин Брејтвејт и затоа Дембеле ќе мора да го чека стартот на идната сезона.

Но, ова важи само за шпанското првенство, а Дембеле ќе може да игра во Лигата на шампионите каде сигурно, ако биде 100% подготвен за игра, ќе биде големо засилување за неговиот тим. Елитното натпреварување треба да продолжи дури во август, што би се поклопило со планираниот старт на идната сезона, а Барса ја очекува реванш со Наполи на домашен терен.

InterServer Web Hosting and VPS