Во Москва дури 90 отсто од заболените се на возраст под 65 години

Речиси 90 отсто од пациентите заразени со коронавирусот во Москва се на возраст под 65 години, соопштија од московскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот, пренесува ТАСС.

Околу 46,4 отсто од пациентите се лица на возраст меѓу 18 и 45 години, 34 отсто припаѓаат на возрасната група од 46 до 65 години, само 7 отсто од пациентите кои се лекуваат од Ковид-19 се лица на возраст меѓу 66 и 79 години, а најмалку ги има на возраст од 80 години и повеќе, само 3,3 проценти – се вели во соопштението на Кризниот штаб.

Досега се потврдени вкупно 80.111 заболени лица во Москва, а регистрирани се 5.714 нови случаи во изминатите 24 часа.

InterServer Web Hosting and VPS