Нема коронавируси во 14 клубови во Бундеслигата – За два дена одлука за продолжување на сезоната

Подговтвувајќи се за продолжување на Бундеслигата, клубовите се тестирани за коронавирус и во неделата вечерта беше објавено дека во 14 екипи нема позитивни слуачи и дека резултатите сè уште се чекаат од три клуба: Аугсбург, Борусија Менхенгладбах и Лајпциг.

Само Келн има тројца заразени – двајца играчи и физиотерапевт.

Германската фудбалска лига (ДФЛ) изработи посебен здравствен протокол на кој треба да се придржуваат сите клубови и играчи во случај на продолжување на Бундеслигата.

Бундеслигата е во пауза од 13 март, а останаа девет кола до крајот. На клубовите моментално им е дозволено тренирање во помали групи и без контакт, а натпреварувањето би можело да се продолжи најрано на 16 мај, доколку фудбалерите добијат „зелено светло“ од политичарите.

Канцеларката Ангела Меркел објави дека одлука за продолжување на првенството ќе биде донесена во среда, на 6 мај.

InterServer Web Hosting and VPS