Уставниот суд против Тачи за формирање нова влада

Уставниот суд на Косово го запре формирањето нова влада. Судот одлучи да се суспендира указот на косовскиот претседател Хашим Тачи за мандатар за состав на Владата. Тачи вели дека ќе ја почитува одлуката.
Уставниот суд на Косово претходно донесе одлука да го прифати барањето на движењето Самоопределување да се донесе привремена мерка во врска со оцената на уставноста на указот на косовскиот претседател Хашим Тачи за мандатар за состав на влада.

„Судот со мнозинство гласови одлучи да ја прифати привремената мерка, со рок на траење до 29 мај 2020 година и веднаш да ја суспендира примената на указот на претседателот од 30 април“, се вели, меѓу другото, во одлуката на Уставниот суд на Косово.
Претседателот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека се залага за нови вонредни парламентарни избори и предлага тие да се одржат на 14 јуни годинава.

Повеќето парламентарни избори се залагаат за избор на нова Влада. Владата на премиерот Албин Курти падна на крајот на март, само по 50 дена на должност. Тоа ја втурна земјата во тешка политичка криза среде пандемијата на коронавирусот. Со оглед на тоа што засега не се можни нови избори поради пандемијата, претседателот Тачи во четвртокот му додели мандат за формирање влада на Авдулах Хоти, политичар од втората по големина парламентарна партија ЛДК.

InterServer Web Hosting and VPS