Почина Драган Вучиќ

Почина водителот Драган Вучиќ, кој претходниве денови бил во тешка здравствена состојба и бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако му бил дијагностициран коронавирусот. Вучиќ поради состојбата бил ставен на респираторна поддршка.

Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.

InterServer Web Hosting and VPS